Бензините поскапуваат


Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати вопросек за 2,49 %, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 06.04.2020 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 4,437% или за 8,000 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,366% или за 3,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,327% или за 8,300 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 19,178% или за околу 29,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,9161 ден/$ и е за околу 1,125% повисок од курсот на доларот (56,2827 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,49%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 33,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 20,106 ден/кг. Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со Законот за акцизи. Во малопродажните цени утврдени со оваа Одлука содржани се: надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој Закон и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени

деривати го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон при увоз или производство на нафтени

деривати.

Архива