Волстрит очекува раст на индексите за 2020 година

Лидерот во берзанските индекси S&P 500 ќе порасне некаде средно со 4.6% во наредната година или приближно до 3278 точки.

Тоа го очекуват банките Credit Suisse, Goldman Sachs, JP Morgan, Merrill Lynch, Deutsche Bank и UBS. Тие исто така прогнозираат дека американската економија ќе продолжи да расти со нејзините ниски лихви кои ги подржува федералните резерви.

Прогнозата на Credit Suisse е нај висока со тоа што швајцарската банка очекува индексот да достигне до 3425 точки . Очаквањата на JP Morgan и Goldman Sachs е дека вредноста ќе се зголеми до 3400 до крајот на следната година.

Merrill Lynch, Deutche bank и UBS исто очекуват раст на индексите но предвидувањата им се по скоромни.

Единствено Morgan Stanley очекува S&P да се намали до 3000 точки или околу 5% пониско од сегашната вредност.

Причини

Од почетокот на годината S&P 500 забележува раст од околу 25% очекувањата на банките е тој раст да продолжи и во наредната година подржан од монетарната политика на Федералните резерви на Соединетите Американски .

Финансиската институција која во среда ја задржа каматата непроменета очекува во наредната година БДП да се зголеми на 2% и не планира да ја намали или да ја зголеми сегашната камата во 2020 година.

Исто така се предвидува и рекордно ниска невработеност во САД и околу 2% инфлација.

Од другата страна на спектарот

Додека другите банки очекуват покачувањата да продолжат и во наредната година, Morgan Stanley прогнозира намалување во индексот.

Инвестициската банка која објави дека ќе ги скрати работните места со над 1500 вработени, очекува приходите на компаниите во наредната година да бидат пониски од прогнозирањето на Меѓународниот фонд.

Американската банка очекува S&P 500 да загуби од вредноста си околу 5%, и прогнозира вредност од 3000 поени до крајот на 2020 година заради трговската војна меѓу САД и Кина и поради наредните претседателски избори во Америка.

Некаде во средината

По завршувањето на 2019 година ќе дојде и крајот на десетолетието во кое индексот S&P500 имаше нај голем раст.

После завршувањето на финансиската криза во 2009 година намалувањето на лихвениот процент на 0 донесе до светкавична експанзија на економијата и брзо излегување од кризата.

Денес S&P500 e со над 185% повисока за разлика од пред 10 години.

Лихвите продолжуват да се на историско ниско ниво како и невработеноста во САД .

Недостигот на договор помеѓу САД и Кина ќе доведе до нови проблеми а несигурноста околу наредните претседателски избори во САД може да го ограничи растот на индексот и дури може да се промени насоката на движење на пазарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива