Во декември просечната нето плата е 26.836 денари

Од Државниот завод за статистика објавиа дека просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година во Република Македонија изнесува 26.836 денари.

Просечната месечна бруто-плата по вработен во Република Македонија, во декември 2019 година, изнесува 39 932 денари.

Според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи раст од 4,1 отсто, а зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање за 12,4 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 12 отсто и градежништво за 11,9 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите стручни, научни и технички дејности за 9,3 отсто, информации и комуникации за 8,4 отсто и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 6,8 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива