Во последните 3 години Македонија нема склучено ниту еден трговски договор

Трговски договор е спогодба која ја унапредува трговијата помеѓу две или повеќе земји, односно ја олеснува меѓународната размена на стоки, услуги и капитал.

–Причината поради која трговските договори се толку чести во меѓународните односи насекаде низ светот е тоа што тие создаваат поволна бизнис клима и пред сѐ услови за инвеститорите и друштвата за трговија да можат поедноставно и побезбедно да ја вршат својата дејност

Според последните податоци на Министерството за економија и Министерството за финансии, бројот на потпишани меѓународни договори за трговија бележи драстично намалување за време на мандатот на сегашната влада предводена од СДСМ. Овој негативен тренд се должи на фактот што сегашната влада не потпишала ниеден трговски договор за време на својот досегашен мандат.

Како резултат на ова, во периодот мај 2017 – ноември 2019 година, во однос на предходните две и пол години, бројот на склучени трговски договори помеѓу Македонија и други земји е намален за максимални 100 отсто.

Според истражувањето ова се најлошите резултати од осамостојувањето на Македонија подобри резултати има дури и во првите 2 години од нашата независност кога за периодот од 1991 до 1993 година се склучиле два меѓународни трговски договори од кој едниот со Словенија а другиот со Русија.

Најдобар резултат сепак има владата на Љубчо Георгиевски, која во периодот 1998–2002 година, во просек склучила по 8 трговски договори на година што е многу повеќе од која било друга македонска влада досега .

Влада на ВМРО-ДПМНЕ, односно во периодот од 2006 до 2017 година, кога тогашната власт потпишала рекордни 45 вакви договори

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива