Во јануари 2020 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,93%

Во јануари 2020 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,93%, при остварен минимален пад од 0,01 п.п. во однос на претходниот месец. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,37 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,20% и забележа пад на месечна и годишна основа за 0,06 п.п. и 0,22 п.п., соодветно.

– Просечната каматна стапка на новоодобрените2 кредити оствари месечен раст од 0,31 п.п. во јануари и изнесува 4,46%, додека на годишно ниво се намали за 0,31 п.п. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен и годишен пад од 0,19 п.п. и 0,49 п.п., соодветно, со што таа се сведе на 0,95%.

Во јануари, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор изнесува 4,13%, што преставува месечен пад од 0,04%. Надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,04 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е пониска за 0,46 п.п.

Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец е забележан месечен пад од 0,06 п.п., сведувајќи се на 1,17%. Надолната промена произлегува од падот на каматните стапки на сите компоненти на оваа категорија, и тоа: денарските депозити без валутна клаузула (за 0,08 п.п.), депозитите во странска валута и денарските депозити со валутна клаузула (за 0,03 п.п., соодветно). Во споредба со јануари минатата година, кај оваа стапка е забележан пад за 0,21 п.п.

‒ Во јануари 2020 година, просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата7 изнесува 1,07% и бележи пад од 0,10 п.п. на месечно ниво. Месечниот пад во целост е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,14 п.п.), во услови кога каматните стапки на депозитите во странска валута бележат раст (за 0,04 п.п.). Овој месец, банките и штедилниците не примиле денарски депозити со валутна клаузула. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,42 п.п.

Архива