„ГРАНИТ“ СО 105 НОВИ ВРАБОТУВАЊА

ГД „Гранит“ АД – Скопје, како општествено одговорна компанија, објави оглас за 105 нови вработувања на различни работни позиции на повеќе капитални проекти на кои е ангажирана компанијата, меѓу кои и изградбата на експресниот пат, лот 2: изградба на делницата Крива Паланка – Длабочица, објектот Деве Баир – Крива Паланка, мостот „АСНОМ“ и автопатот Скопје – Блаце, прва фаза. Изминатиот период, компанијата продолжи да работи во услови на вонредна состојба, доследно почитувајќи ги препораките и мерките за справување со корона вирусот Ковид-19 и објави соопштение дека и покрај тешкотиите во работењето нема да отпушти ниту еден вработен.

„ГРАНИТ“ СО 105 НОВИ ВРАБОТУВАЊА

„Гранит“ е една од компаниите – предводници на македонската градежна оператива со децениско искуство и бренд кој е препознатлив и надвор од границите на РС Македонија. Главните активности на „Гранит“ АД – Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните проекти – изградба на патишта и автопатишта кои се обемни и знајчани како по нивната големина, така и по нивната сложеност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива