Граѓаните со 46 милиони евра ќе го полнат буџетот

Владата ќе го прифати предлогот на Стопанската комора и ќе ја зголеми акцизата на нафтените деривати за два денари.

Зголемената акциза на нафта ќе го полни буџетот, но ќе го празни џебот на граѓаните кои точат гориво, за цената која ќе ја платат за такси превоз по километар, јавниот транспорт, цената на производите. Проценките на Стопанската комора на Македонија, на чии предлог е барањето за зголемување на акцизата на нафта, граѓаните ќе ги чини 46,2 милиони евра на годишно ниво или месечно би се прибирале средства поголеми за 3,8 милиони евра.

Веќе подготвуваме предлог уредба. Соглсасно пресметките и фискалните импликации предлогот е да се зголеми акцизата за 2 денари. Работиме заедно со Царинската управа конкретно на предлогот и ќе излеземе со информација. Но сметам дека ќе го прифатиме предлогот на Стопанската комора – вели Нина Ангеловска.

Од здружението на македонски транспортери побараа владата да не го прифати предлогот на Стопанската комора отаму велат:

Со оваа мерка се надминуваат сите граници на  рационалност и солидарност, олигарсите пак сакаат теретот да се префрли на плеќите на сите превозници, но и на сите граѓани на кои драстично се и ќе бидат намалени примањата од нето плата. Предлагаат мерка која нема заштитен механизам за да се намали влијанието на цените на сите производи кои се превезуваат , а тоа може да е иницијална каписла за појава на инфлација која ќе нанесе штета на сите микро, мали, средни трговски друштва и земјоделците, вели во пишана изјава Билјана Муратовска, генерален секретар на  Макам-транс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива