Групна свадба во Јужна Кореа и покрај Коронавирусот

Близу 6000 луѓе од повеќе од 60 држави склучија брак во масовната венчавка во Јужна Кореа организирана од Обединетата црква основана од Корејскиот религиозен лидер Сан Мон Мун.

Церемонијата се одржа во градот Гапонг, кој е блиску до главниот град Сеул и покрај стравот од ширење на коронавирусот од Кина во другите држави.

Досега во Јужна кореа има потврдено 24 случаи со зараза од опасниот вирус коронавирусот

На влез во салата сите учесници беа проверени од симтоми на коронавирусот само оваа година не беа пуштани парови од Кина.

Од црквата беа дадени дури и маски за лице на сите луѓе што беа во салата но многу од паровите не ги ставаа.

Оваа црка организира вакви венчавки од 1960 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива