Денес се исплатени субвенциите за оджување на овошни насади

076

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплати над 391 милиони денари субвенции на 9.545 земјоделци за одржување на овошни насади.

Корисници на овие субвенции производителите на јаболка, праски, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.

Оваа исплата се однесува на земјоделците кои имаат поднесено барања за добивање на финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“ за 2019 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.

Заклучно со денешната исплата за овоштарство, исплатени се 1,6 милијарди денари субвенции и за полјоделците, за лозарите, и за градинарите.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта. Оваа Влада од почеток на мандат до денеска исплати финансиска поддрпка од 364 милиони евра за развој на агро – секторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива