Доколку немате 15 години стаж ќе може да си ги откупите годините кој ви фалат

На сите граѓани кој им фали работен стаж истиот ќе може да си го откупат.

Собранието усвои закон и се очекува овие денови да излезе во службен весник, а со тоа и да стапи во сила новиот закон со што идните пензионери ќе можат да си го откупат работниот стаж кој им фали.

Од Пензиско – инвалидскиот фонд информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност.

Како ке се пресметува сумата која треба да се плати

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20% од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика.

Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива