Дојава за бомба во Сити мол еве што се случувало

Поради дојава за бомба, вработените и посетителите во трговскиот центар „Сити мол“ во моментов се евакуирани. Им било соопштено да го напуштат трговскиот, по што многу брзо во паника луѓето почнале да трчаат кон излезите.

Пожар во една сендвичара и дојава за бомба се денешните причини за евакуација на вработените и купувачите во скопскиот трговски центар „Сити мол“.

МВР потврди дека денеска било пријавено во 12 часот дека добиле повик за дојава за поставена бомба во трговскиот центар.

околу трговскиот центар има голема гужва, полициски возила, а автобусите се пренасочуваат.

На лице место има Брза Помош и Противпожарни екипи, единици за антитероризам кои што го проверуваат трговскиот центар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива