ДРЖАВАТА ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ПРОГЛАСИ НАМАЛУВАЊЕ НА 20 ОТСТО НА ПЛАТИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Марјан Бојаџиев, шеф на катедрата Бизнис Администрација на Универзитетот Американ Колеџ и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Да не ја заборавиме солидарноста  на јавниот со приватниот сектор: Во член 1 од Уставот се вели: Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Социјалниот елемент значи „солидарност“. Недопустливо е јавниот сектор да не покаже солидарност со приватниот сектор. Приватниот сектор е тука да плаќа даноци, да плаќа придонеси и да финансира армија до 145.000 вработени кои примаат плата од државата, директно или индиректно.

Како може работодавач да им објасни на своите вработени дека платите се намалени додека истовремено некој вработен во админстарциајта зема иста плата? Државата треба веднаш да прогласи 20 отсто намалување на платите во администрацијата ( до нивото на просечна плата)  и износот  да оди во наменски фонд  за финансирање на дел од плати во приватниот секторКако поддршка за фирмите кои исто така ги намалиле платите, а не отупуштале вработени.

Процент на намалување од 20 отсто веројатно  кореспондира со релната работна ангажираност. Тоа е начин да се надмине ефектот кој во економијата  се нарекува „free rider“.  При тоа говориме за намалување кое нема да ги зафати платите пониски од просечната плата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива