Еден човек може да запамти 10 000 лица

Човекот може да запомни околу 10 000 лица, до овој заклучок дошле научниците цитирани од ABC Fact.

Бројот на луѓето што може да ги запамтиме не е толку лесен за пресметување.

И покрај тоа група на научници се обидуваат да разберат колку лица можеме да зачуваме во нашиот мозок. Тие направиле проверка на неколку доброволци покажувајки им слики од луѓе кои ги познаваа или од познати личности. 

Бројот може да варира, но средно околу 5000 лица можеме да запомтиме а тие што имааат феноменално помтење може да запомнат до 10 000 лица.

Од учесниците во проектот не било барано да ги кажат по име лицата кои им биле покажувани на слики, доволно било да кажат било што во врска со лицето кое го гледат. 

Научниците не се сигурни какви се границите и капацитетите на човечкиот ум во однос на помтењето на лица, така да пред науката стојат се уште многу не откриени работи од оваа област.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива