За фармерите од САД трактор стар 40 години е подобар од нај новиот модел

Koгa чисто нов трактор на Јоhn Dееrе се расипе, потребно ви е компјутер за да го поправите.

Но кога траткорна Јоhn Dееrе, произведен во 1979 година се расипе можете и сам да си го поправите пишуваат од ЅtаrТrіbunе.

Земјоделските машини како и новите телевизори, автомобили и дури и четките за заби доаѓаат со вграден компјутер во кој има софтвер за управување што ги прави и најобичните поправки доста скапи.

Земјоделците веќе се пронашле начин како да се справат со овој проблем купуваат трактор кој е произведен пред 40 години но се разбира дека ја имаат и носталгијата растејки со овие машини.

Основачот на Масhіnеrу Реtе Грег Питерсон вели “Овие мaшини се неуништливи може да работат 15 000 часови и ништо да не се скрши. Тракторите произведени во крајот на 70 и 80 те години изгледаат како современи но не се управувани со компјутери.

Токму тоа ги прави и популарни во трговија на земјоделски машини во Средниот запад на САД.

Толку се популарни што тие со малку километри се продаваат и по десетици илјади долари.

Модел од 1980 година е продаден за 43 500 долари а пак друг од 1979 е продаден за 61 000 долари.

Се разбира тоа се многу пари но сепак е по евтино од нов модел кој изнесува од 100 000 до 150 000 долари.

Освен тоа што се по евтини за купување недостатокот на компјутер ги прави и по лесни за управување во наредните години.

Инаку земјоделците се носители на движењето кое настојува производите да се по достапни и по лесни за поправки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива