Златото денес ја постигна највисоката цена од 2013 година до денес

Златото се покачи на највисоко ниво во последните 6 години заради конфликтот на Блискиот исток кој ја стимулира побарувачката на резервни активи како Goldman Sachs Group Inc. тие изјавиа дека златото е по ефектен од горивата исто така и паладинот поскапе на рекордно високо ниво.

Златото достигна 1600 долари за унци, откако Техеран изјави дека веќе нема да се придржува на никакви ограничувања за збогатување на ураниумот после убиството на високиот генерал Касем Суљемани, од друга страна пак претседателот Доналд Трамп изјави дека може да го удари Иран по непропорционален начин.

Златото е во најголемо искачување од 2010 година па до денес кога беше условен од слаб долар, низок лихвен процент и трговската војна која го уназади глобалниот раст.

Новиот конфликт од убиството на генералот ги волоши ризиците и инвеститорите бараат сигурност.Додека анализаторите предупредуваат дека на оваа етапа има голем број на потенцијални сценарија, банките велат дека Златото е подобар избор за инвестирање од Нафтата.

Златото се зголеми за 2,3% до 1,588 долари за 1 унц тоа е највисоко ниво од април 2013 година. Паладинот се зголеми за 1,5% до 2,019 долари за унц и тоа е нов рекорд за овој метал. Цената на среброто и платината исто така се зголемија.

Автор: м-р Наце Цеков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива