Зошто е корисен загадениот воздух во Скопје

Луѓето што се жалат за загадениот воздух не може да се сетат за скриените можности од загадувањето. Затоа да наброиме неколку плусови од загадувањето во Скопје.

1. Го зголемува селксиот туризам

Селскиот туризам се претвара во привлечен и интересен. Загадениот воздух во Скопје и другите градови всушност го развива внатрешниот туризам во државата.

Излегувањето надовор од Скопје носи незаборавни вдишувања и издишувања кој се терапија за вашите бели дробови и човек со пони гради ја реставрира штетата за еден викенд.

2. Води до децентрализација

Децентрализацијата на државата која живее единствено во Скопје треба да се случи. И ако до сега имаше политчка волја и начин за децентрализација тоа не се случи па сега политичарите побараа помош од загадениот воздух во Скопје.

Единствено тој може да го предизвика иселувањето од град во село низ цела Македонија. Така власта е во право кога вели зошто да се бориме против загадувањето кога кој е предизвик за пренаселувањето во Скопје кога тој загаден воздух ќе го намали населувањето во Скопје. Тоа се вика институционално чекање креативен чекор од безидејност кој чека на знаци од природата и нејзината древна мисла.

  3.Вреднување на малите работи

Секоја лекција по оптимизам и позитивни мисли ни вели Цени ги малите работи, биди благодарен за секоја голтка воздух.

Живеј така како да овој ден ти е последен.

Па затоа загадениот воздух провоцира таинствениот однос кон животот.

Човекот започнува да се радува на малите работи кога го напушта Скопје, среќен е што дише со полни гради и сите околу него со насмевка дишат и тоа е како национална терапија која цел е да се врати љубовта кон малите работи.

Нема учење од далечниот исток што не е сврзано со набљудување на вдишувањето и здишувањето.

  4.Воспитување за еколошко мислење

Загадениот воздух може да ги мотивира Скопјани да ги исфралт грејните тела на дрва и да инвестират во по модерен начин на греење на струја или на пелети. Или да ги замента своите дизел возила со електрични автомобили, или пак да го користат гратскиот транспорт повеќе од своите автомобили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива