И во вакви тешки денови постојат суперхерои

Во овие тешки денови се раѓаат суперхероите.

Алекс АЈС од Ново Село ги посети вработените во супермаркетите, медицинските центри,стоматолошките ординации, полицијата, поштата,општината, против пожарните единици и сите помали продавници да им се заблагодари за херојството во овие тешки денови.

Сопственикот на локалот донира над 100 фреш сокови да ги освежи и да им го разубави барем малку и така тешкиот ден на вработените од овие установи. Вработените во овие сектори се хероите во нерамноправната борба против овој страшен вирус.

Тие и покрај препораките на Министерството за здравство мора да бидат на своите работни места за да можат граѓаните да ги извршуваат своите основни потреби.

Браво за сопственикот на Алекс АЈС и покрај економската криза кој го зафати овој сектор сепак најде начин како да им се заблагодари на хероите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива