Како еден човек успеа да го хакне Google Maps со 99 мобилни телефони

Google Maps е едно од најкористените апликации а можноста да не предупредува по кој булеварии има густ сообраќај ни штеди доста време и нервози.

Обично кога сообраќајот е бавен и кога на едно место се концентрирани голем број на корисници на апликацијата Google не предупредува дека има многу автомобили и ни дава друга насока каде што сообраќајот е по слободен.

Вистината е тоа што Google не ги брои автомобилите туку колку смартфони се во дадена зона.

Токму таа грешка ја открива германецот Симон Векерт за да им покаже на сите дека не секогаш треба да се потпираме на проценката на технологиите.

Пред неколку денови Симон е успеал да создаде лажно чуство дека една улица во Берлин е со густ сообраќај но како е успеал во тоа е доста интересно.

Снимка 465035

Симон е изнајмил 99 смарт телефони и е купил 99 СИМ картички.

На сите уреди им инсталира Google Maps и посте тоа ги ставил во детска количка и почнал да шета по градот.

Само неколку бавни чекори по булеварот се биле потребни за апликацијата на Google Maps да покажува дека на тој булевар има голема концентрација на сообраќај.

Снимка 465034

Така Симон направил неколку прошетки низ градот и целта не му е била да создава пробелеми во сообраќајот.

Идејата е била благородна и сакал да послужи како црвена сијалица за општеството да не се потпира секогаш на технологиите.

Снимка 465033

“Со моите постапки покажав дека сме силно фокусирани на податоци и бројки навикнати сме да ги примаме како објективни “, сподели Симон за Vice.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива