Коронавирус во Македонија

Прв случај на заболен од Коронавирус во Македонија.

Денеска три лица се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот

На инфективната клиника во Скопје е потврден првиот заразен од корона вирусот, ова за Скопје Инфо го потврдуваат неофицијални информации од Инфективната клиника. Имено, станува збор за случај кој утрово се пријавил на Инфективната клиника, а вирусот бил потврден попладнево. 

Министерот Филипче пред околу два и пол часа информираше дека кај две лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат.

Во секој момент се очекува прес на Министерот за здравство да ја потврди информацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива