Која валута ќе доминира на пазарите во 2020 година

Американскиот долар ќе продолжи да доминира на финансииските пазари и во 2020 година велат сите анализи на агенцијата Ројтерс.

Но повеќето од анкетираните специјалисти за финансиски пазари се на мислење дека еврото малку ќе поскапи до крајот на годината тие тврдат дека доминацијата на доларот нема никој да може да ја победи во блиска иднина.

И покрај многукратните тврдења на многу анализатори дека во последната година американскиот долар ќе ја загуби позицијата. Последната анализа на Ројтерс вели дека силата на доларот ќе продолжи уште најмалку 6 месеци.

Околу 60% од финансииските анализатори, кој беа анкетирани во периодот од 6 до 9 јануари изјавија дека доминацијата на доларот ќе продолжи од 6 до 12 месеци.

И покрај прогнозата за задржување на доминацијата на доларот, очекувањата за бавниот раст на економијата на САД за оваа година најверојатно ќе доведе до загуба на блесокот на американскиот долар.

На прашањето на Ројтерс кон анализаторите кои валути се очекуваат да бидат во по добра позиција и можат да се представат по добро од американскиот долар во оваа година анализаторите одговорија:

27 од 62 цата анализатори ги избраа валутите во пазарите во развој, додека 22 ца ги избраа валутите на развиените пазари, 13 од нив велат дека никоја валута нема да успее да се покаже подобро од доларот.

Еврото кој има потенцијал да заземе дел од силата на доларот се наоѓа во тешко време губејки близу 7 % од неговата вредност во последните години..

И покрај тоа анализаторите сметаат дека до април еврото ќе се зголеми за 2% во однос на доларот а до крајот на 2020 година за 4% и од 1,13 ќе ја достигне вредноста до 1,15

Според последната анкета на Ројтерс се очекува Јапонскиот Јен да поскапи за 3% до крајот на годината.

Со исто темпо се очекува да поскапи и британската фунта во одност на доларот.

Според анкетираните анализатори од страна на Ројтерс 60% од нив сметаат дека фунтата до крајот на месецот ќе го достигне нивото од 1,32 а после излегувањето на Велика Британија од Европската унија кој се очекува на 31 јануари фунтата ќе продолжи да поскапува и ќе дојде до границата до 1,35 долари до крајот на годината

Автор: м-р Наце Цеков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива