Која е бизнисменката со најголеми примања во 2019 година

Од УЈП имиња не откриваат, се повикуваат на даночната тајна.

Наша претпоставка е дека е од здравствениот сектор.

Иако најавија дека ќе ја отстранат од законската регулатива, бидејќи во развиените земји заработувачките се јавни, престиж и трка кој повеќе заработил, а Македонија се уште најбогатите ги крие под превезот на даночната тајна.

Податоците на УЈП покажуваат дека најмногу од плата заработил Скопјанец, нејзин колега од здравствениот сектор – 3 милиони евра годишна бруто плата. Месечно на негова сметка легнувале бруто по околу 250.000 евра. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот трговија со тутун и тутунски производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти.

Највисокото пак лично примање по друг основ изнесувало 1,93 милиони евра.

На листата лица со високи заработувачки кои се бројат во стотици илјади евра се и адвокати, нотари, извршители, угостители.

„ Самостојното вршење на дејност во 2019 година најпрофитно е за Скопјани, кои доминираат на листата со приходи по овој основ, од кои највисокиот изнесува 46.024.172 денари(748.000 евра). Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители “, вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Најбогатиот земјоделец пак доаѓа од Валандово. Заработил 412.000 евра од продажба на земјоделски производи.

Скопјенец од дивиденда добил 6,6 милиони евра.  Тетовчанец пак од приходи од имот и имотни права заработил 1,37 милиони евра, а Скопјанец е прворангиран по приход од авторски права од 368 .000 евра. Најголема добивка на  игри на среќа пријавил Скопјанец кој освоил  872.000 евра.

Најбогатиот пензионер во земјава пак заработил 93.000 евра од странска пензија.

99 годишник е највозрасното лице со приход од над 16.000 евра, а 93- годишник е прв на листата по заработувачки од над 162.000 евра.

Бебе пак родено во 2018 година е најмладото лице кое од дивиденда заработило над 16.000 евра, а 21- годишник е најмладиот на листата на приходи од над 162.000 евра.

Во 2019 година биле доставени 796.000 даночни пријави за граѓани кои оствариле бруто приход од 5 милијарди евра, и платиле персонален данок од 300 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива