Кредитите на домаќинствата растат

Според податоци кој ги објави Народната банка вкупните кредити во јануари се непроменети, при намалување на кредитите на корпоративниот сектор, додека кредитите кај секторот „домаќинства“ и натаму растат.

Во споредба со истиот период од претходната година, вкупните кредити се повисоки за 6,8%, при поголем придонес на секторот „домаќинства“ (учество од 76,9%). Доколку се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните
промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во јануари е забележан раст од 8,0% на годишно ниво.

Вкупните кредити на домаќинствата, овој месец, бележат месечен и годишен раст од 0,6% и 10,6%, соодветно, при поизразен придонес на кредитирање во
денари. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и на спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во јануари изнесува 11,3%.

Кредитите на корпоративниот сектор остварија месечен пад од 0,7%, којшто анализирано по валутната структура во поголем дел произлегува од намаленото кредитирање во денари. Споредено на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 3,2%, под влијание на поизразениот раст на кредитирањето во странска валута (учество од 77,4%). Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во јануари изнесува 5,2%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива