„Медена земја“ ќе добие награда од 3.000.000 денари

Документарниот филм „Медена Земја“ не доби оскар, но беше номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за филм од неанглиско потекло.

Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот „Медена“ на нашата земја. напиша Ангеловска  

„Медена земја“ ќе биде наградена со три милиони денари, одлучи Владата на вчерашната седница.

Документарецот го следи животот на Атиџе, последната пчеларка на диви пчели во Европа, која треба да ги спаси пчелите и да го врати природниот баланс во Медената земја, откако фамилија на номадски пчелари се населуваат блиску до неа и стануваат закана за околината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива