Министерката за финансии најави заем до обврзница во износ 400 милиони евра

Да се обезбеди сигурност на буџетот во секое сценарио и да се обезбеди ликвидносна и финансиска инјекција во стопанството преку мерки за помош на фирмите се сегашните приоритети, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција за финансирање на буџетот во услови на коронакризата. Министерката за финансии најави дека планот е да се повлечат 400 милиони евра поволни средства преку инструментот за премостување, 87 милиони евра од фондовите на ММФ, како средства за развојни политики за итни ситуации од Светска банка, каде се очекува да се повлече износ од околу 100 милиони евра.

– Потребно е да обезбедиме средства веднаш! Ги разгледавме сите можности и опции кои ни стојат на располагање, ги оценивме сите ризици и го одбравме најоптималниот план. На вчерашната седница предлогот беше доставен до Владата и истиот беше усвоен. Имајќи предвид дека издавањето на еврообврзница е подолг процес кој трае повеќе од 2 месеци, дека непредвидливоста е голема и кај пазарите на капитал, како и дека до вчера бевме во предизборие и не можевме порано да го почнеме тој процес, Министерството за финансии предложи за финансирањето сега да се искористи специјален инструмент заем-до-обврзница (bridge to bond facility) во износ 400 милиони евра со рок до доспевање до 12 месеци, кој ќе ја поддржи ликвидноста на државата во време на пандемијата и намалувањето на економската активност, потребите во секторот здравство, како и стопанството. Овој заем како што и самото име имплицира заем-до-еврообврзница ќе биде целосно отплатен со средства кога ќе се издаде еврообврзницата. Станува збор за заем од странски банки под поволни услови. Очекуваме поволна каматна стапка за овој инструмент, дури и пониска од претходно издадената еврообврзница од 2018, која имаше историски најниска каматна стапка од 2,75%. – рече Ангеловска.

Ангеловска посочи дека  наскоро ќе се објават и нови мерки бидејќи во скоро време ќе се обезбеди поголема ликвидност, а со тоа и поголем финансиски простор за преземање на покрупни мерки. 

– Како што министерот за здравство се грижи да превенира и спречи ширење и ниеден пациент да не стаса до респитраторна машина, така целта на економскиот тим е да ја заштити ликвидноста на буџетот и да го заштити секое едно работно место и секој граѓанин. Првиот пакет со кој излеговме беше карактеризиран како недоволен, а некои го криткуваa и тајмингот. За да ситуацијата од корона шокот кој го снајде светот биде уште потешка за менаџирање кај нас, ние бевме во услови на техничка влада и распишани избори, кога рацете ни беа врзани за речиси сите потребни работи кои требаше да се преземаат. Така, без да обезбедиме дополнителни средства и ликвидност, предлагањето на агресивни мерки би било несериозно во услови не неизвесност за можноста за нивно спроведување. За многу од мерките како што знаете потребни се законски измени кои не беа возможно да се направат пред прогласувањето на вонредна состојба.- рече Ангеловска.

Ангеловска очекува најголемите ефекти од коронакраизата да се почуствуваат во следните три месеци, со што во вториот квартал се очекува забавување на економската активност, па и негативна стапка на раст. Во третиот квартал веќе се очекува подобрување, но тоа за одредени сектори нема да придонесе за драстично оправување. Четвртиот квартал е оној кој се проектира за rebound, односно позитивен пресврт и опоравување. Како што кажав и на почетокот Владата е тука за фирмите, бидејќи тие се оние кои креираат работни места и тие кои продуцираат нова вредност. Приоритет ќе ни биде фирмите да опстојат, а работните места да ги задржиме. Новите мерки кои ќе се претстават се во таа насока.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива