Министерката за финанси Нина Ангелоска на twitter ги објави 9 те економски мерки за борба против Коронавирусот

Министерката Нина Ангелоска на twitter ги објави 9 те економски мерки за борба против Коронавирусот.

Првата мерка се однесува на директна финансиска поддршка за ликвидноста на микро, мали и средни претпријатија. Обезбедени се вкупно 5,7 милиони евра со кои ќе се кредитираат директно компаниите погодени со неликвидност, односно компании чија економска активност трпи од ситуацијата со корона вирусот .

При тоа, микро-компаниите до 10 вработени ќе можат да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите фирми од 10 до 50 вработени ќе можат да подигнат кредит од од 10 до 15 илјади евра, а средните компании од 50 до 250 вработени ќе можат да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Кредитите ќе бидат бескаматни, односно со нула проценти камата и грејс-период од 6 месеци, а рокот на отплата е две години

Овие се 9 те приоритетни мерки кој ги најва Министерката:

  1. Ослободување од аконтација од данок на добивка
  2. Пролонгирање и реструктурирање на отплатите кредитите за фирми и граѓани
  3. 50% субвенција на придонеси за фирмите
  4. бескаматни кредитеи за заштита на ликвидноста и работните места на компаниите
  5. Замрзнување на цените на основни производи
  6. Бескаматен кредит за задржување на вработените
  7. намалување на законската затезна камата на 50%
  8. Намалување на казнената камата за јавна давачка на половина
  9. фонд за подршка на туризмот за опоравување од Коронавирусот

Архива