Над 6000 граѓани на Македонија досега ги донирале своите средства од МојДДВ

Според податоците на УЈП 6000 граѓани ги донирале своите средства од повратокот на ДДВ, а 5800 ги задржале за себе.

Од сите они кој што одлучиле да ги донираат парите собрани се близу 100 000 евра донација.

Бројот на граѓани кои го враќаат назад во буџетот повратот од ДДВ расте во секој момент.

Со цел подобро справување со последиците од корона вирусот, помагање на граѓаните и на компаниите кои беа погодени од кризата, Владата отвори фонд за солидарност каде компании и приватни лица веќе донираат на различни суми. Од пред една недела Владата создаде можност за донации на сумата од повратот на ДДВ.

Акцијата за донирање на сумата од првите три месеци од годината е отворена до 5 мај. Граѓаните кои до тогаш нема да го донираат, износот ќе им биде исплатен на трансакциска сметка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива