Намалување на малопродажната цена на нафтените деривати

Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,41%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 03.02.2020 година.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,41%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,50 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 денар/литар во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 денар/литар во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,028 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,894 ден/кг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива