Оставка на шефицата на кабинетот во министерството за финансии

Во петокот шефот на кабинет на актуелната министерка за финансии, Нина Ангеловска, Олимпија Христова Заевска, си поднела неодповиклива оставка од својата функција.

Олимпија Христова Заевска, веќе и се збогувала со колегите, а фотографијата била објавена и на нејзиниот инстаграм профил.

„Колку добра и вредна дружина. Ќе ми недостигате“, напишала Заевска на својот инстаграм профил.

Таа соопшти дека наскоро ја очекува нов професионален ангажман каде ќе се фокусира на дизајнирање на модели и политики кои треба да помогнат на земји како Македонија и други земји во развој да ги применуваат технологиите на Четвртата индустриска револуција во приватниот и јавниот сектор.

Сметам дека е клучно и ние со наша експертиза да седиме на масата каде се дискутира и одлучува за глобалните текови поврзани со овие теми! За мене беше чест и огромно искуство да работам со Премиерот Зоран Заев а потоа и со Министерката за финансии Нина Ангеловска. Во мојот светоглед, тешко е да работиш за некој доколку мотивите не се на вистинско место.

Мотивот да се направи државата поубаво место за живеење и притоа да се плати цената и да се излезе од зона на комфорт, е евидентен во нив.

 Да не зборувам за прекрасни луѓе кои со години посветено и професионално работат во нашата администрација и буквално го крепат цел систем од кои треба да се учи. Такви со засукани ракави ни требаат уште многу повеќе! Со целосна увереност можам да кажам дека поранешниот Премиер Зоран Заев е човек што ја води државата во вистински правец, колку и патот да е трнлив. И со неверојатен сенс за различностите и зреењето во државата, го проценува времето и носи одлуки со кои го разгазува патот и луѓе како мене да го дадат својот придонес“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива