ПОВТОРНО ОДБИЕНО БАРАЊЕТО ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ ЗА ВЕТЕРИНАРНИ УСЛУГИ

Министарство за финансии на Р.Македонија со официјален допис го извести барателот – Ветеринарната комора дека го одбива барањето за намалување на даночната стапка на 5% за ветеринарните услуги . Во образложението се наведува дека истото е одбиено по две основи: – фискалните импликации од евентуалното намалување на даночната стапка не се планирани за буџетот за 2020 год. – даночни олеснувања за ветеринарни услуги не се во согласност со прописите во ЕУ.

ВКМ скоро една деценија , постојано , секоја година поднесува барање за намалување на даночната стапка за ветеринарните услуги и ветеринарно медицински препарати. За вторите е донесено позитивно решение во 2019 година , додека за првите упорно е одбивана , иако во суштина бенефитот од ваква мерка би бил реален само доколку проблемот се решава во пакет .

За Комората на ветеринари останува нејасно прашањето како некои членки на ЕУ (Полска, Словенија ,Ирска) имаат повластена даночна стапка за ветеринарни услуги , ако истата е во спротивност со ЕУ легислативата и како е можно претседателот на врвното тело на европските ветеринари – Европската федерација на ветеринари (ФВЕ), кој ја поддржа иницијативата на ВКМ во однос на ова прашање да не е информиран дека намалување на даночна стапка за ветеринарни услуги не е допуштено во ЕУ ?!

Од ВКМ велат дека за овај проблем, како и за другите стратешки интереси на професијата ,во овој предизборен период раководството на Комората се обрати со писма до сите релевантни политички партии ,во кои се бара непосредна средба со лидерите на истите, каде што на непосреден начин, доколку ни се даде прилика, ќе ги изложиме состојбите во ветеринарно-здравствениот сектор , неговото општествено значење и улога , како и барањата за негов опстанок и развој.

За одзивот и резултатите од оваа иницијатива членството ќе биде благовремено известувано , а воедно ги повикуват сите доктори по ветеринарна медицина во државата , кои се вклучени во политичките структури на било кое ниво, да дадат свој придонес во реализација на тежнеењето , како професија да добијат адекватен третман и статус во општеството. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВКМ д-р Томислав Николовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива