Почекајте до утре за полнење на резерварите, бензинот поефтинува за 7 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 14,54% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 09.03.2020 година. Цената на безините 95 и 98 се намалуваат за 7,5 денари, а на дизелот за шест денари.

Ова е пониско од рекордното намалување есента 2008 година кога цената на бензините се намали за седум денари, а на дизелот за 5,5 денари, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, додавајќи дека цената на бензините и на дизелот е пониска во однос на државите од регионот.

Бислимоски порача дека електроенергетскиот систем, системот за топлинска енергија и снабдувањето со вода се одвива непречено и оти нема никакви проблеми.

Регулаторната комисија за енергетика, како што истакна, ќе работи со дежурства и сите контакти со граѓаните ќе се одвиваат по електронски пат. Архивата на РКЕ ќе биде затворена, а граѓаните ќе можат дописите да ги доставуваат на соодветно обезбедено место или се препорачува тоа да го прават преку пошта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива