Правилото 10% кога купуваме автомобил

Пред да си ја купам првата кола побарав совет од еден колега од Германија за тоа колкава треба да биде сумата што треба да ја потрошам за купување на автомобил.


Тој ми рече дека кај нив непишано правило е дека колата треба да вреди 10% од вашето богатство.Го погледнав зачудено и тогаш тој ме праша колку пари имам во банката јас му одговорив околу 5000 евра и очигледно немаше како да си купам кола од 500 евра па си реков какви се овие глупави правила на скржавите Германци и си купив кола од 10 000 евра – 5000 од заштедата и 5000 кредит од банката.

Така целото ми богатство беше една кола и кредит од 5000 евра.

Изгледав успешен во брзата си кола ама голем дел од платата ми одеше за неа, требаше да работам прекувремено за да можам да ги исплаќам и останатите расходи.

Тогаш прочитав уште едно правило од оваа област кое гласеше дека сите транспортни трошоци треба да се 10% од месечните ни приходи.

Јас никако не се придржуавав на оваа правило со тоа што ставав гориво, осигурување поправки на автомобилот, гуми даноци и остатнатите расходи така 60% од приходите ми беа за ќефот на четири тркала.

Така со оваа животна лекција успеав да ја продадам првата кола и сега се придржувам на германското правило 10/10 и сега вредноста на мојот нов автомобил е 10% од мојата заштеда и месечните трошоци за не се 10% од приходите ми.

Знам дека многу луѓе не го применуват ова правило но добро е да го знаат за да го применат кога ќе им дојде времето.

Автор: м-р Наце Цеков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива