Ратите за кредит на физичките и правни лица ќе се одлажат за 3 месеци

Физичките лица и правните лица кои имаат кредит во банка ќе може да ги одложат ратите за најмалку три месеци, додека некои банки размислувале одложувањето да биде и за шест месеци.

Уредбата моментално вели дека секоја банка ќе објави на својата веб страна или ќе го извести својот клиент за поповолните услови односно одлагањето на обврските. И доколку физичкото лице во рок од 10 дена не се произнесе, односно не каже дека ја одбива понудата ќе се смета дека поповолната понуда за репрограм односно за одлагање, се смета за прифатена“, вели министерката за финансии Нина Aнгеловска

Очекуваме најголемите ефекти од Корона кризата да се почувствуваат во вториот квартал, односно тоа црно сценарио кое што го зборуваме, за кое што е важно дека сме подготвени е драстично намалување на даночните приходи во услови на рестрикции за заштита на здравјето во услови на намалена економска активност. Согласно тоа овој шок очекуваме дека ќе биде најголем во вториот квартал од годината“ изјави Ангеловска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива