Рекордни 107 ново заболени, вкупната бројка е 1081

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Куманово 44, следува Скопје со 28, во Прилеп 11, Битола 6, Тетово 5, Велес 4, по двајца во Дебар и Гостивар и по еден пациент во Штип, Кавадарци, Кочани, Кичево и Струга.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081.

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива