Сара Цветкова – победник на глобалниот натпревар на ФАО за цртеж по повод Светскиот ден на храната

Пчелите се клучни чинители во ланецот на исхрана и играат важна улога во зачувување на безбедноста на храната, подобрувањето на исхраната и борбата против гладот. Светскиот ден на храната ја инспирираше Сара Цветкова, 11-годишна ученичка од Скопје, да ја претвори својата имагинација и уметнички талент во цртеж кој повикува на „заштита на пчелите за постигнување на Свет без глад #ZeroHunger“.

Сара ја освои првата награда на глобалниот натпревар на ФАО по повод Светскиот ден на храната 2019 година. Нејзиниот постер беше избран за прв од најдобрите три во категоријата 9-12 години.

„Благодарение на пчелите ја имаме храната што ја јадеме. Со заштита на пчелите го заштитуваме животот на нашата планета“, вели Сара. Таа знае дека пчелите и другите опрашувачи се неопходни за производство на овошје, зеленчук, јатки, семиња и масла кои ги јадеме, богати со микронутритивни материи. Таа е исто така свесна дека пчелите се под закана на низа човекови влијанија – употреба на пестициди, загадување на воздухот и климатските промени.

Во нејзиниот цртеж, таа објаснува, „Пчелата ја носи на својот грб нашата планета за да покаже дека на Мајката Природа и се неопходни пчелите за да создава здрава храна. Според Сара, “ние сме им потребни на пчелите за да ги заштитиме, за пчелите ни се потребни за безбедна иднина на нашата храна и за Свет без глад”.

Без млади луѓе како Сара, Светскиот ден на храната не би бил посебен. Сара и нејзините пријатели натпреварувачи ширум светот се шампионите на Целта за одржлив развој “Нула Глад”, кои помагаат да се шири зборот дека нашите дејства се наша иднина. Со грижa за животната средина и одржливо живеење, сите можеме да помогнеме во зачувување на нашите екосистеми и безбедноста на храната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива