ССК обезбеди тунел за дезинфекција за Институт за белодробни заболувања кај децата

Сојузот на стопански комори на Македонија поттикнува општествена одговорност со помош и подобрување на условите за заштита на здравјето првенствено на децата и ранливите категории. ССК од почетокот на здравствената пандемија покрена сеопфатна кампања за превенција и заштита од Ковид 19.

Денес, Институт по белодробни заболувања кај децата Козле, добива тунел за дезинфекција и дополнителни средства за заштита. Поставувањето тунел за дезинфекција пред влезот во болницата значително ќе ја намали можноста за внесување на вирусот во болницата, што е особено важно бидејќи се работи за деца со респираторни проблеми и белодробни заболувања и нивната заштита од вирусот е од исклучително значење. Тунелот производ на Трефоил инженеринг со поддршка на АГ-П, има резервоар од 1.000 литри, млазниците на пумпата создаваат аеросоли и до 600 лица може да се дезинфицираат за еден час. Уредот е планиран за децата кои се примарни пациенти, здравствените работници и сите други посетители и е целосно безбеден.

Соузот на стопански комори на Македонија, од почетокот на пандемијата ја истакнува важноста од мобилизација и солидарност која во услови на здравствено-економска криза,  борба за човечки животи и спас на економијата е од непроценливо значење. Во овие тешки времиња, сите иницијативи за ставање во функција на расположливите ресурси со цел заштита од Ковид 19, се екстремно важни. Продолжуваме и активно ќе помагаме, да се пребродат состојбите, но и да се зачува здравјето на ранливите категории, децата и идните генерации“, изјави Драган Митковски, потпретседател на Сојузот и додаде дека иницијативите ќе продолжат, со приоритет на донации на храна, опрема за медицинска заштита и итна помош особено за најранливите категории.

Во тунелот за дезинфекција има прскалки, кои се активираат со притискање на копче пред да влезат, а потоа се создава облак за дезинфекција низ кој лицето кое влегува во болницата поминува.

Ова претставува највисоко ниво на епидемиолошка заштита. Тунелот е од големо значење за дезинфекција затоа што обезбедуваме заштита на децата и на вработените во Институтот за белодробни заболувања Козле, од потенцијални носители на вирусот од лицата кои доаѓаат во посета” соoпшти директорот на Институтот д-р. Ангелчо Андоновски, кој истакна благодарност и потенцира дека со оваа помош за јавно здравствената установа ќе се овозможи да се зголеми степенот на заштита не само за децата, туку и за родителите и медицинскиот персонал. 

Во изминатиот период, Сојузот, на стопански комори организира кампањи и акции за обезбедување опрема за ранливите категории. Комората на сметководители и нејзините членови се ставија на располагање на државните институции за про боно помош особено за анализа на флуктуациите во економијата и изготвување на акциски план, но и организираа акција за обезбедување опрема за заштита за медицинскиот персонал. Туристичко угостителската комора и нејзините членови обезбедуваа храна и оброци за лицата кои припаѓаат на ранливи категории, како и припадниците на органите на државната управа и медицинскиот персонал кои се изложени на најголем ризик, а дел од хотелите ги отстапија своите капацитети за организирање на државен карантин. Сојузот изготви и објави пред два месеци Водич за приватен сектор за справување со Ковид -19, во кој на едно место може да се најдат сите процедури, насоки и прописи за намалување на ризикот од ширење на болеста како и мерките за кои може да се аплицира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива