Филипче оди во самоизолација, имал контакт со заразениот градоначалник на Куманово

На состанокот ги почитував сите протоколи за заштита и носев заштитна опрема исто како и останатите присутни.

Ги очекувам епидемиолозите од Институтот за јавно здравје кои освен со мене, ќе направат епидемиолошки анкети и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот.

До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување останувам во изолација, вели Филипче!

Ние го имавме предвид и се подготвуваме и за ова сценарио.

Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а јас и од изолација останувам во редовна комуникација со комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжувам да ги координирам сите процеси во справување со кризата.

Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а прес-конференциите ќе ги правиме преку достапните онлајн платформи за оваа намена.

Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во однос на информирањето, заклучи Министерот!

Архива