Финансискиот страв на Македонците

Секој од нас се плаши од нешто, сврзано со пари. Животот е непредвидлив и не можеме се да контролираме, но можеме да се подготвиме максимално за сите непријатни ситуации кој може да ни се случат. Овде се најголемите финансииски проблеми од што се плашат Македонците и како може да се справиме со нив.

1. Нема да можам да си го вратам кредитот и банките ќе ми го земат живеалиштето

Во последните 10 години економската ситуација во Македонија се подобрува според сите статистички податоци. Платите се зголемуваат цените на имотите одат нагоре, невработеноста е на најниско ниво.

И покрај тоа Македонците се повеќе одат до банките за да подигнат потрошувачки или наменски кредити.

На прв поглед работите се развиваат добро но спомените од последната финанскиска криза се уште се во нашите глави.

Тогаш многу луѓе ги загубија своите домови неможејки да ги исплаќаат своите рати за кредитите.

Не е чудно што стравот да го загубиме својот дом е еден од најголемите во Македонија.

Како да се справиме од овој страв: Најпрво препорачливо е да не бараме 90% или 100% финансирање од страна на банката за да си купиме стан или куќа. Знам дека е добро да не ги вложуваме своите заштеди но во тој случај финансиските институции имат по голем ризик и тоа им се слилните нивни карти.

Ако не можеме да си ги подмириме месечните рати банката много тешко ќе се согласи да го продадеме нашето живеалиште на слободниот пазар и да си го затвориме кредитот а ќе дојде до јавна продажба. Тогаш тие ќе сакаат само да си ги покријат трошоците и не ги интересира дали ќе останат пари за нас.

Ако имаме самоучество со минимун 20% или повеќе ќе може да го продадеме имотот на пазарна цена и да си го затвориме кредитот со тоа што извесна сума ќе остане и за нас.

Ако ги направиме овие работи банките или други кредитори нема шанси да ни ги земат имотите.

2. Да останам без работа

Тоа е еден од најголемиот страх во Македонија. Всушност не е пробелмот да останеш без работа туку без плата и приходи.

Ако имаме многу фиксни расходи за кирија, кредит, лизинг сметки дури и забавувањето на исплатата на плата е проблем а не пак да останеме и без неа.

Секој од нас е размислувал за овие проблеми во некоја етапа од животот си.

Како да се справам со овој страв: Да останеш без работа е најлошото нешто што може да им се случи на луѓето и милиони луѓе се имат најдено во ваква ситуација, дури и е добро да си дадеш малкко време за разлмислување за да не се одалиечими од сигурните извори на плата и да пробаме да се самовработиме.

За да го поминеме овој период ни е потребно добро финансиско и психичко здравје и добро да се подготвеме предвреме.

На прво место е да не потпишуваме ништо од кое не разбираме и да побараме помош од компетентни лица пред да го направиме.Ако сме изиграле добро може да добиваме 80% од платата за период од 4 до 12 месеци и тоа ќе ни даде некое спојоство пред да најдеме друга работа.

На второ место треба да имаме фонд за кризни ситуации кој треба да го искористиме за да ги покриме расходите за 6 месец, тој ни е потребен баш за ваква непредвидлива ситуација.

3. Да немам пари за лекување

Што и да велиме, здравството во Македонија не е бесплатно и да си плаќаме здраствено осигурување тоа не ни е гаранција дека кога ќе се разболиме некој ќе се погрижи за нас.

Секој ден сме сведоци како се собиираат средства за лекување на деца или возрасни. Не се ретки случаите кога и треба да подмитуваме лекари во државните боници.

Исто така голем дел од пензиите на нашите родители или баби и дедовци се трошат за лекарства и поради тоа страв од немање пари за лекување е толко голем кај секој од нас.

Како да се справиме со овој страв: 

Прво треба да ги видиме состојбите на здравството кај нас сеуште постојат добри болници и одлични лекари кој можат да ви помогнат во тешки ситуации.Треба да видиме дали шефот кај што работиме редовно ги подмирува обврските за здраствено осигурување.

Втора стапка е да си платими дополнително здраствено осигурување.Оваа осигурување е полезно кога сакаме нешто да прегледаме или да направиме некој испитувања. Ова осигурување може да ни помогне и кога би се случила некоја трајна повреда или некоја загуба на живот кој досега ги покривал расходите во семејството, да може да продолжиме без него да си ги плаќаме сметките.

Автор: м-р Наце Цеков

Архива