Хотелот на Disney во стилот на “Ѕвездени војни ” започна да ги прима првите резервации

Хотел на ѕвездени војни ќе започне со работа

Хотелот на Disney, проектиран во стил “Ѕвездени војни ” (Star Wars: Galactic Starcruiser) ќе започне да прима резервации подоцна оваа година објавија од компанијата.

Фановите ќе имаат можност да поминат две ноќевања почуствувајки го животот во вселената на “Ѕвездени војни “, пишува CNN

“Тоа ќе биде едно непознато и ново доживување”, вели Ан Мароу Џонсон, продуцент на Walt Disney Imagineering, во својата колумна во блог на Disney. “Ќе бидете во вселенскиот брод на ѕвездени војни и ќе можете да се потсетите на историјата на филмот.”

Иако резервациите ќе можат да се прават уште оваа година хотелот ќе стартува со работа дури во 2021 година.

“Се проектирано така да имате чуство дека сте на воен вселенски брод во далечна галаксија” вели Џонсон дури ќе има и дво катни летала исти како оние кои Чубука користи во филмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива