Царината објави онлајн калкулатор за пресметка на данокот за увоз на нов или стар автомобил

Одсега сами ќе може да провериме колку данок ќе треба да платиме при увоз на нов или стар автомобил.

Калкулаторот може да се најде на веб страната на царина http://ite.customs.gov.mk:9070/userForm

Според стариот закон досега акциза се плаќаше само ако возилото е поскапо од 3 илјади евра. 

Сега, за возилата до 10.000 евра ќе се пресметува само еколошкиот данок, а поскапите возила над овој праг, освен овој данок ќе се плаќа и данок по вредност по  возилото.

Данокот за моторни возила почна да се применува од 1 јануари годинава. Според законот, оние возила кои помалку загадуваат плаќаат помали даноци, а електричните се ослободени од данокот.

Ако земе автомобил со повеќе од 7 седишта тогаш данокот ќе биде уште помал, на таксистите и транспортерите државата ќе им пресмета 25% помал данок

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива