Цените- враќање кон комунизмот?

м-р Наце Цеков магистер по бизнис комуникации

По предлогот на Државниот пазарен инспекторат за замрзнување на цените на сите производи и услуги после 11 март, и за не почитување на предлогот ќе следуваат казни за непочитување од 5 илјади евра, дури има и казни од година дена затвор, односно по членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

Се гледа дека се налага фиксирање на цените, такво нешто не е видено дури ни од пред 30 години во времето на Комунизмот кога имаше контрола на цените, останува само да ги вратиме и боновите и ќе направиме голем чекор назад кон времињата кога имаше дефицит на производи и чекање во редици за купување на основните производи.

На пример цената на лимонот е двојно зголемена од пред 3 месеци но затоа што нема од каде да се увезат со други зборови ако некој не најде да увезе евтини лимони ефектот ќе е дефицит на овој производ. Наместо да им помогнеме на потрошувачите замрзнати цени ќе им штети со тоа што нема да има доволно производи од оние кои ќе бидат со фиксирана цена.

По истиот начин е и другите производи кој се поскапени не само во Македонија туку и на светските пазари. Ако во Македонија се стави фиксна цена на тие производи никој нема да сака да ги внесува овие производи во Македонија и ке има дефицит и празни рафтови како во времето на Комунизмот кога нашите родители се чекале по 4-5 часа за да купат леб и млеко.

Има некој продукти за кој цените се зголемиле енормно поради огромната им побарувачка и не доволната понуда. Тука има навистина многукратно зголемување. Но и тука фиксирањето на цените нема да помогне. Едноставно нешто што ќе помогне тука е зголемување на произвотството на овие производи или стимулирање од државата за увоз на истите.

м-р Наце Цеков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива