28 години Македониски денар

Пред 28 години на денешен ден се донесени повеќе закони со кои се создадоа предуслови за осмислување и примена на самостојна монетарна политика од страна на Народната банка.

Денарот како национална валута во Македонија е воведен на 26 април 1992 година, на денот на нејзиното монетарно осамостојување. На почетокот во првата година се користи како вредносни бонови, а во 1993 година како прво оригинално издание на денарот.

Како денарот го добил своето име?

Пеон, Статер, Лав, Македонски динар. Ова биле главните предлози за името на новата македонска валута пред да биде донесена одлуката таа да биде именувана како Денар.

Предлогот дошол од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) поточно од академик Петар Илиевски.

Сегашниот изглед на денарот е воведен на 8-ми Септември 1996-та, на петгодишнината од македонската независност.

Банкнотите со помала деноминација, 10, 50 и 100 денари се печатени во Република Македонија, додека банкнотите со деноминации од 500, 1000 и 5000 денари се печатени во Обединетото Кралство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива