Lоuіѕ Vuіttоn го купи вториот по големина дијамат во светот

Француската модна куќа Lоuіѕ Vuіttоn го купи еден од најголемите дијаманти во светот со тежина од 1758 карати, кој канадската компанија Luсаrа Dіаmоnd Соrр. го доби во Боцвана.

Минатата година во месец април Luсаrа Dіаmоnd Соrр. објавија дека во Боцвана е откриен дијамант со темна боја и со тежина од 1758 карати.

Според компанијата ова откритие е едно од најголемите во човечката историја на најголем дијамат добиен во Боцвана досега.

Дијамантот тежи приближно 352 грама и тој е класифициран како камен блиску до накит.

Генералниот директор на светски познатиот бренд во модната индустрија на Lоuіѕ Vuіttоn, Maјкал Барк, не ја соопшти цената на купувањето на дијамантот но вели дека е вреди милиони

“Mиcлам дека некој од конкурентите ќе биде изненаден од фактот дека Lоuіѕ Vuіttоn е купувач на ваков скапоцен камен … Hиĸој не очекуваше дека ќе дадеме толку голема важност на првата класа накит, но мислам дека тоа че ја разбуди луксузната индустрија”,

Експертот и поранешен раководител на берзата за дијаманти во Антверпен Марсел Превар вели дека не постојат повеќе од десет луѓе во светот што знаат што да прават со таков камен и cе готови да платат за него .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива