Toyota и Intel во заеднички бизнис, инвестираат во летачко такси

Јапонскиот автомобилски гигант Toyota ќе инвестира 394 милиони долари во стартап Joby Aviation, кој го изработува така нареченото ,,летачко такси‘‘

Целиот инвестициски капитал изнесува 590 милиони долари во него се вклучени и гигантите Intel и JetBlue, соопшти Financial Times.

Целта е услугата да почне да функционира до 2023 година. Финансирањето на проектот веќе има 720 милиони долари и ова се смета како најдобро финансирана компанија за изработка на воздушно такси во моментот.

Германскиот конкурент Volocopter, кој има поткрепа од родителите на Mercedes-Benz – Daimler, има 81 млн. eвра инвеститори и се надева да стартува со услугите во 2022 година во Сингапур.

Lilium, со седиште во Минхен, има привлечено 101 милион долари од инвеститори и се надева да стартува на пазарот во 2025 година.

Шигеки Томојама, вицепретседателот на Toyota се приклучи кон бордот на директори на Joby.

Основана во 2009 г., стартап на Joby тврди, дека електричниот авион за четири патници кој може да полета од куќата вертикално како авионите на Озпреј, користени од американската морнарица, ќе може да патува и до 200 мили на час и покрај тоа што сегашниот прото тип не може да ги постигне овие резултати.

Базата за произвотство се наоѓа во Марина, Калифорнија

Генералниот директор Пол Скиара, основачот на Pinterest изјави дека Toyota ќе помогне на Joby да го рашири производството и да ја засили контролата на квалитетот и расходите.

Прототипот на компанијата се произведени со по слаби материјали одколку се користат во обичните летачки објекти.

Даниел Елуел, поранешен шев на Федералната авијациска администрација на САД предупредува дека FAA нема да ги одобри лесно превозните средства се додека не се гарантира безбедноста “Вие гледате идеалниот начин на превоз на луѓето во градовите”, вели тој. “Јас пак гледам превозно средство со размери на автомобил со мотори кој висат над луѓето кој си ги шетаат своите кучиња”.

Автор: м-р Наце Цеков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Архива