Volkswagen започнува со производство

Vоlkѕwаgеn е најголемиот производител на автомобили и постепено почнува со производство во своите фабрики.

Од 20 април производството на автомобили ке започне во Zvickau Германија и во Братислава Словачка. Останатите фабрики во Германија, Португалија, Шпанија, Русија и САД со работа ќе започнат на 27 април. Во мај производството ќе започне во фабриките во Јужна Африка, Аргентина, Бразил и Мексико.

Од VW посочуваат дека приозводството ќе продолжи но ќе зависи од доставувањето на резервни делови како и Владините мерки во Германија и Европа. Компанијата воведува и построги мерки за здравјето на работниците.

Од 6 април со работа започнаа фабриките во Брунсвик и Кесел во Германија како и фабриките за резервни делови во три Германски градови. Во Кина од 33 фабрики за резервни делови 32 веќе работат а помеѓу работниците таму нема заразени од новиот Коронавирус.

Архива